Sony Xperia Z1 - Полнење на уредот

background image

Полнење на уредот

Вашиот уред има вградена батерија што се полни и што треба да биде заменета само од Sony или
од овластен центар за поправка на Sony. Никогаш не се обидувајте самите да го отворите или
расклопите уредот. Отворањето на уредот може да предизвика оштетување што ќе ја поништи
гаранцијата.
Батеријата е делумно наполнета кога уредот е испорачан од фабриката. Во зависност од тоа
колку време батеријата била во кутијата пред купувањето, нејзиното ниво на наполнетост може да
биде доста ниско. Затоа е препорачано да ја полните батеријата најмалку 30 минути пред
вклучувањето на уредот за првпат. Уредот можете да го користите и кога се полни. Прочитајте
повеќе за тоа како да се подобрат перформансите на батеријата во Управување со
батеријата и енергијата
на страницата 22 .

11

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Полнење на уредот

1

Приклучете го полначот во штекер.

2

Приклучете го едниот крај од USB кабелот во полначот (или во USB-портата на
компјутерот).

3

Приклучете го другиот крај на кабелот во микро USB-портата на уредот, со USB-симболот
завртен нагоре. Светлото за известување ќе светне штом полнењето започне.

4

Кога уредот е целосно наполнет, исклучете го кабелот од уредот повлекувајќи го нанадвор.
Внимавајте конекторот да не се свитка.

Доколку батеријата е целосно испразнета, може да поминат неколку минути пред да
светне светлото за известување и да се појави иконата за полнење .

Статус на светлото за известување за батеријата

Зелено

Батеријата се полни и нивото на полнење на батеријата е поголемо од 90%

Црвена

Батеријата се полни и нивото на полнење на батеријата е помало од 15%

Портокалово

Батеријата се полни и нивото на полнење на батеријата е помало од 90%

12

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.