Додавање географска позиција на фотографиите
Вклучете гео-означување за да се додаде приближната географска локација (гео-ознака) на
фотографиите при нивното правење. Географската локација се одредува со безжични мрежи
(мобилни или мрежи Wi-Fi®) или со технологијата GPS.
Кога на екранот на камерата се појавува , гео-означувањето е вклучено, но географска позиција
не е пронајдена. Кога се појавува , гео-означувањето е вклучено и географската позиција е
достапна, па фотографијата може географски да се означи. Кога ниту еден од овие два симболи
не се појавува, гео-означувањето е исклучено.
Вклучување на гео-означувањето
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Допрете Поставки > Локација.
3
Допрете го прекинувачот за вклучување/исклучување.
4
Активирајте ја камерата.
5
Допрете , потоа допрете .
6
Повлечете го лизгачот покрај Гео-означување надесно.