Криење фотографии и видеа
Може да ги скриете сите фотографии и видеа од почетниот екран на Албум. Штом фотографиите и
видеата се скриени од почетниот екран на Албум, ќе може да се видат само од папката Скриени.
Криење фотографија или видео
1
Во албумот, најдете ги и допрете ги фотографијата или видеото што сакате да ги скриете.
2
Допрете го екранот за да се прикаже алатникот, потоа допрете .
3
Допрете Скриј > ОК.
Прегледување на скриените фотографии и видеа
1
Во Албум, повлечете го надесно левиот раб од почетниот екран на албумот, потоа допрете
Скриени.
2
Допрете фотографија или видео за да ги прегледате.
3
Потчукнете налево за да ја прегледате следната фотографија или видео. Потчукнете
надесно за да ја прегледате претходната фотографија или видео.
Откривање фотографија или видео
1
Во Албум, повлечете го надесно левиот раб од почетниот екран на албумот, потоа допрете
Скриени.
2
Допрете на фотографијата или видеото што сакате да се откријат.
3
Допрете го екранот за да се прикаже алатникот, потоа допрете .
4
Допрете Не сокривај.